еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Лабораториум“ ги повикува сите дизајнери и занаетчии за учество во „Лаб дизајн маркет“

„Лабораториум“ објавува отворен повик до сите дизајнери и занаетчии кои изработуваат производи и нудат услуги во полето на текстилот, накитот, модните додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, за домот, осветлување итн. со фокус на рачната изработка, одржливоста, еколошкото и етичко производство.

Повикот е отворен до 20.02.2024 година.

„Лаб дизајн маркет“ е изложбен салон и заедница на дизајнери и занаетчии од Македонија, што ќе се отвори во среда, 28. февруари во просториите (индустриската хала) на центарот „Лабораториум“, на булевар Климент Охридски 68, Скопје и ќе работи од вторник до сабота од 12 до 18 часот.

Идејата на маркетот е да им се понуди на македонските дизајнери најдобриот начин на поддршка, а тоа е продажба на нивните производи, директно во маркетот и на интернет продавницата. Со основањето се очекува да се створи заедница меѓу дизајнерите од која ќе зајакне локалната дизајнерска сцена, ќе произлезат соработки и заеднички ќе се делува на подобрување на довербата на клиентите во македонскиот дизајн.

Проектот е поддржан од „Fashion Revolution Macedonia“.

Стручна комисија ќе ги разгледа апликациите и ќе одлучува за учесниците во „Лаб дизајн маркет“.

Заинтересираните учесници може да најдат повеќе информации за критериумите и условите за учество ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Виз ер“ ја претстави новата полиса за багаж за патниците

Редакција

(Галерија) Со поддршка на НЛБ Банка се одржа Аутдор фестивалот „When in Krusevo“

Редакција

Со НЛБ Mastercard кредитните картички, празниците траат подолго: Промотивна кампања на НЛБ Банка

Редакција