еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Лани склучени договори за јавни набавки во вредност од 1,5 милијарда евра, за 35% повеќе од претходната година

Лани се склучени договори за јавни набавки во вредност од 1,5 милијарда евра, за 35% повеќе од претходната година, покажуваат анализите на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), од каде посочуваат дека јавните набавки во 2023 година достигнале рекордно висока вредност и рекордно ниска конкуренција во последните 10 години.

Според мониторингот на јавни набавки, просечниот број на понуди по тендер изнесувал 2,7. Во една третина од тендерите е добиена само по една понуда. Отсуството на конкуренција е последица на фаворизирачки тендерски документации и загубена доверба на бизнис-секторот во фер натпревар на набавките, велат од ЦГК.

Дури 41% од лицата за јавни набавки по државните институции сметаат дека во набавките често има корупција. Најголем дел од нив велат дека најприсутна е корупцијата како последица на политичките интереси, и дека поголем генератор на корупција се фирмите отколку луѓето во институциите.

И 51% од фирмите што учествуваат во јавните набавки сметаат во набавките има корупција, а со неа лично се соочиле 23% од компаниите вклучени во истражувањето.

Индексот на рационалност открива големи разлики во цените по коишто институциите купуваат исти производи и услуги. Така, на пример, исти лиценци за компјутерски софтвер се купувани по цени од 6.185 до 23.100 денари.

Базата на податоци за јавните набавки на општините, пак, открива дека во 2023 година, општините за набавки потрошиле 40% повеќе пари од претходната година и дека само десет фирми добиле 25% од вредноста на сите тендери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министре Дураки ич да не жалите, фатете се за работа и заработете си ја платата

Редакција

(Фото) Румен Радев ги покажа мускулите

Редакција

(ВИДЕО) Ципрас на „гости“ кај пријателот Заев

Редакција