еМагазин
Локално

Маж од Велика Британија пронајден во подземна гаража, паднат и со повреди, пренесен во Клинички

Во подземна гаража на улица „Анастас Митрев“ бил пронајден паднат и со повреди Х.К.Р. (58) од Велика Британија.

Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи, случајот синоќа, во 21:35 часот, бил пријавен во СВР Скопје.

Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Внимателно на Водно: Жена скрши нога на една од патеките кон врв, поради замрзнат терен

Редакција

Приведен угостител од тетовско, работел по дозволеното време

Редакција

Расправа во казино во Аеродром прераснала во тепачка

Редакција