еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонски Телеком го доби престижниот сертификат Employer Partner

SELECTIO Group, водечката групација за консултации и поддршка за човечки ресурси, ја препозна работата на Mакедонски Телеком и на компанијата ѝ го додели престижниот регионален сертификат Employer Partner, информираат од компанијата.

Ова признание се доделува за извонредни резултати во полето на човечки ресурси, а Македонски Телеком е првата компанија од земјата којашто го добива.

Employer Partner е регионален сертификат за извонредни резултати во полето на човечките ресурси којшто Групацијата SELECTIO им го доделува веќе 19 години на најуспешните компании од регионот, а оваа година, за прв пат во Македонија, на  Македонски Телеком.

Целта на овој сертификат е да ги потврди транспарентноста и квалитетот на праксата за човечки ресурси и на тој начин да ги инспирира организациите да создадат атрактивни работни места за сите сегашни и идни вработени.

„Во денешно време, предизвик е да се креира и одржи работна средина во која вработените се мотивирани да се развиваат. Тоа подразбира континуирана организациска трансформација, воведување одлични програми за професионален развој и поволности.

Но, пред сѐ, тоа значи креирање култура во којашто се цени придонесот на поединецот. Признанието е само доказ дека успешно се справуваме со овој предизвик.“, изјави Ставрос Георгакопулос, лидер за вработени и трансформација.

За да ги исполни условите за добивање на сертификатот, Македонски Телеком оваа година спроведе детална и темелна евалуација на практиките за човечки ресурси и имплементираше реформи коишто се покажаа како продуктивни за подигање на нивото на задоволството и сигурноста кај работените.

Групацијата SELECTIO посебно ги пофали практиките на Македонски Телеком во спроведувањето и дефинирањето на развојот и наградувањето на вработените.

-Вработените на Македонски Телеком на своето работно место можат да се потпрат на своите ментори и менаџери, коишто се обучени да им обезбедат поддршка во совладувањето на деловните предизвици и услови за индивидуален и професионален развој.

Притоа, Телеком на вработените им нуди низа развојни активности, како што се учество на конференции, коучинг, менторство, како и соработка и собирање искуство од меѓународни проекти. Се евидентираат сите образовни и развојни програми и се прибираат повратни информации за да се обезбеди континуиран напредок.

Компанијата има и дефинирана програма за признание на вработените, како што е програмата Power of People којашто вклучува различни категории на извонредност, а вработените коишто постигнуваат одредени резултати се соодветно наградени.

Добивањето на сертификатот Employer Partner е потврда за успешните практики на Македонски Телеком да обезбеди најдобро работно искуство за вработените и да им помогне да го најдат вистинскиот кариерен пат преку отворање можности за обука, развој и напредок.

Компаниите со овој сертификат покажуваат извонредно ниво на управување со човечкиот потенцијал и се фокусирани на постојано унапредување на организациската култура, бидејќи вложуваат во вработените преку стратешки поврзани практики за човечки ресурси коишто претставуваат цврст темел за раст и конечно постигнување на амбициозните деловни цели, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавноста згрозена од министерот Меџити откако пациент кој моли за лек го нарече „шоумен“

Редакција

Мицкоски понуди две опции за излез од политичката криза

Редакција

Нови директори на неколку јавни здравствени установи

Редакција