Од Стопанска банка АД Скопје преку Македонската берза информираат дека со Решение, гувернерот на Народна банка издал претходна согласност за повторното именување на Маринис Стратопулос за член на Надзорниот одбор (НО) на Банката, со мандат од четири години.
Станува збор за трето именување на Стратопулос за член на НО на Банката. Тој претходно ја извршуваше функцијата член (и претседател) на НО врз основа на претходните согласности издадени со решенијата на гувернерот од 2015 и 2019 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку пари чуваат граѓаните и фирмите во Стопанска банка Скопје
Стопанска банка Скопје ја зголеми добивката за 27%
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.