еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Како е киднапиран и убиен Панче Жежовски?

Велешанецот Панче Жежовски (74) е грабнат од неговиот дом во Велес од страна на четири лица, од кои три се веќе во притвор и го признаа делото, а четвртото лице, односно првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо е уапсен во Турција и наскоро се очекува негова екстрадиција во Македонија.

Грабнувањето е претходно договорено, информираше синоќа Јавното обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Баликесир во Турција уапсен Љупчо Палевски Палчо

Тројца од петмината осомничени за убиството на Вања и Панче го признале делото

Намерата на осомничените им била да го присилат да им го даде неговиот автомобил Цитроен за тие со него ја грабнат 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Убиениот Панче Жежовски бил закопан во триметарска јама

Во неговиот дом физички го нападнале, по што го врзале и со автомобил го однеле во близина на селото Рудник, каде, како што стои во соопштението на Обвинителството, „со учество на дејствие на извршување и со друг особен придонес кон извршување на делото, од користољубие„ на свиреп начин го убиле со пиштол на од еден од осомничените.

Од досегашната истрага на Обвинителството и МВР, како и според искази на осомничени, Палевски е посочен како лицетото кое ги убило и Панче и Вања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како е грабната и убиена Вања?

Панче Жежовски убиен за долг од 500 евра, со неговиот автомобил киднапирана Вања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стејт департмент: Груевски треба да се соочи со правдата во својата земја

Редакција

Полицијата била толерантна кон лицата кои биле затекнати на автопат за време на полициски час

Редакција

Кој е петтиот приведен за упадот во М-НАВ

Редакција