еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Панче Жежовски убиен за долг од 500 евра, со неговиот автомобил киднапирана Вања

Четиринаесет годишната Вања Ѓорчевска од Скопје била киднапирана со автомбил марка Цитроен, на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, кој е убиен претходно од истата група на осомничени за убиството на Вања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Убиениот Панче Жежовски бил закопан во триметарска јама

Љупчо Палевски осомничен дека ги убил Вања и Панче, на 30. ноември прво избегал во Белград, па во Бугарија

Како што информираа на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и основниот јавен обвинител, Гаврил Бубевски, Жежовски на еден од петмината осомничени за двете убиства му должел 500 евра.

– Затоа најверојатно е избран како жртва за да се земе колата за да се изврши грабнувањето, рече Бубевски.

Тој е киднапиран на 22. ноември од неговиот дом, а неговото исчезнување е пријавено на 24. ноември од страна на неговата ќерка.

Убиен е и закопан во близина на патот Велес-Скопје.

По убиството на Вања, неговиот автомобил, за кој не било пријавено дека е украден, беше пронајден изгорен во атарот на селото Бразада, во Општина Чучер Сандево, каде е пронајдено и телото на Вања.

Од грабнувањето на Панче до грабнувањето на Вања ова возило не било во движење низ Скопје и не е снимено од камерите на безбеден град.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Распишана меѓународна потерница за Љупчо Палевски, осомничен за убиството на Вања и Панче

Вања била грабната на излегување од дома, во влезот на зградата ѝ биле врзани рацете и нозете

Тројца од петмината осомничени за убиството на Вања и Панче го признале делото

Фото: Фејсбук/Жежовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Навреди од бугарскиот европратеник Јорданов среде македонското Собрание, пратениците го „исвиркаа„

Редакција

Сакскобурготски дал согласност името на татко му, Борис Трети, да го употреби бугарското здружение во Охрид

Редакција

Медиумите уште утре може да објавуваат резултати од анкети за изборите

Редакција