еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Навреди од бугарскиот европратеник Јорданов среде македонското Собрание, пратениците го „исвиркаа„

Бугарскиот европратеник Александар Јорданов, познат на македонската јавност по бројните навреди за Македонија и македонскиот народ и ширење на говор на омраза, вчера среде македонското Собрание направи нов инцидент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски за европратеникот Јорданов: Најостра форма на говор на омраза, која е без преседан во историјата на македонско-бугарските односи, очекувам реакција на Софија

Каков е речникот на бугарскиот европратеник Јорданов: МНР ќе упати писмо до Европскиот парламент за навредите

Како што пренесува Независен, Јорданов, кој е член на коалицијата ГЕРБ-СДС и на групата Европски народни партии, тврдел среде расправата на Мешовитиот комитет Македонија – ЕУ дека Гоце Делчев е Бугарин, дека браќата Миладиновци објавиле бугарски народни песни, а ги нарекле македонски само затоа што биле од географскиот регион Македонија, дека кај нас се дискриминираат граѓаните што се декларираат како Бугари и генерално нема атмосфера за уставни промени.

Јорданов како што пренесува Независен, предизвикал револт и дофрлање кај македонските пратеници кои го прогласиле за неук да зборува за темата и побарале да не држи час по историја, бидејќи за тоа си има историска комисија.

„Мојот впечаток е дека сум присутен во две Македонии – една за која слушнав од граѓанското општество, вклучувајќи ги и граѓанските организации на Бугарите и втората, од политичарите.

Очигледно имате многу проблеми во сите можни сфери, вклучувајќи ги и добрососедските односи. Мојот впечаток е дека ова е околина каде што е тешко да се носат одлуки. Има конфронтирачка атмосфера, исто како и во Бугарија. Но, проблемите треба да се решаваат, а не да се ставаат под тепих“, рекол Јорданов во учтивиот дел од обраќањето, пред да почне да провоцира и да навредува.

„Во парламентот очигледно нема атмосфера за уставни промени. Ве прашувам, кога ќе се случат тие? Слушнав примери за дискриминација на Бугарите во Северна Македонија, за опожарување на културните клубови, за славење на сторителите, за носење на ретроактивниот закон  – сето тоа е неприфатливо во Европската унија. Дали е ова владеење на право?

Ова не е само прашање на односите на Бугарија и Северна Македонија, ова е прашање на човекови права и вредности“, рекол Јорданов, кој порано беше и амбасадор на Бугарија во Скопје.

Тој потоа се префрлил на држењето лекции од историја, која како што повтори неколкупати треба да се базира на реалноста, а не на тоа како сакаме ние да изгледа реалноста.

„Мора да знаете историја. Таа е вечна дисциплина. Гоце Делчев неколкупати се декларирал како Бугарин. Браќата Миладиновски напишаа зборник на бугарски народни песни кои ги нарекоа македонски само затоа што се од регионот на географска Македонија.

Не може тие да станат македонски песни“, рекол Јорданов, по што наишол на довикувања од пратениците дека ова не е час по историја, дека има кој да расправа за тоа, дека постои историска комисија и дека историјата овде не е тема, на што тој возвратил дека, напротив – историјата била европска вредност.

Притоа не пропуштил да порача дека приемот на Македонија во ЕУ зависи најмногу од добрите односи со Бугарија.

На Мешовитиот комитет кој заседава и денеска во Скопје требаше да присуствува и контроверзниот бугарски европратеник Ангел Џамбаски, но тој иако беше најавен, не се појавил во Собранието.

Фото: Собрание/Фејсбук/Јорданов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повикот за бојкот причина за разликите во бројот на државјани во дијаспората, смета Османи

Редакција

Нови 72 случаи на Ковид-19, оздравени 54 лица, дополнително пријавени двајца починати

Редакција

(Фото) Започна седмиот Самит Македонија2025: Водечка регионална платформа за бизнис, лидерство и иновации

Редакција