еМагазин
Image default
Македонија

Сакскобурготски дал согласност името на татко му, Борис Трети, да го употреби бугарското здружение во Охрид

Симеон Сакскобурготски, син на цар Борис Трети и поранешен премиер на Бугарија, познат во тамошната јавност како Царот, ја дал согласноста за здружението во Охрид да го носи името на неговиот татко, пишува 360 Степени.

Писмената согласност од Симеон Сакскобурготски е дел од документите со кои Централниот регистар го впишал Здружението за афирмација на културните вредности на македонските Бугари „Цар Борис Трети“-Охрид, а во кои „360 степени“ имал увид.

Симеон Сакскобурготски, едно од двете деца на Цар Борис Трети, е роден 1937 година во Софија. По смртта на татко му, од 1943 до 1946 е бугарски цар – Симеон Втори, по што ја напушта Бугарија. Се враќа во 2001 година и станува активен во политиката. По победата на изборите во 2001 година, застанува на чело на владата. Премиер е до 2005 година.

На изборите во 2005 година кандидат за пратеник од листата на Движењето „Симеон Втори“ е и подоцнежниот бугарски премиер и сè уште актуелен лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Централен регистар се огласија за регистрацијата на бугарското здружение Цар Борис III во Охрид

Роднина на Цар Борис Трети дал согласност под негово име да се основа бугарското здружение во Охрид

По Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети, во Богданци бугарски клуб ќе добие и Цар Фердинанд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За новонастанатата ситуација со операторите, телевизиите вината ја гледат во АВМУ 

Редакција

Поради неподнослива атмосфера во судницата, прекинато рочиштето за несреќата кај Ласкарци

Редакција

Пендаровски и вработените во неговиот Кабинет останаа без плата за јануари

Редакција