еМагазин
Image default
Македонија

Роднина на Цар Борис Трети дал согласност под негово име да се основа бугарското здружение во Охрид

Телевизијата Канал 5 објави дека родинина на бугарскиот Цар Борис Трети дал согласност под негово име да се основа здружението во Охрид.

Од Централниот регистар за телевизијата велат дека здружението е впишано лани во ноември во согласност со Законот за здруженија и фондации:

„Согласност од Министерство за правда не е доставено како прилог кон пријавата за упис, од причина што подносителот на истата доставил прилог доказ согласно член 49 став 2 од Законот за трговски друштва , а во врска со 8 од Законот за здруженија и фондации, имено доставил согласност од сродник за внесување на името Цар Борис III во името на Здружението“.

Од Централен регистар објасуваат дека за прашањата поврзани со името на здружението се применуваат одредбите од Законот за трговски друштва, според кои може да се внесе име и презиме на историска и друга позната личност само со согласност на личноста, или, ако е почината, со согласност на нејзините сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети, во Богданци бугарски клуб ќе добие и Цар Фердинанд

До Министерство за правда не е доставено барање за регистрација на бугарското здружение „Цар Борис Трети”

Еврејската заедница згрозена од регистрaцијата на здружението Цар Борис III во Охрид, кој е докажан соработник на нацистите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Милошоски смета дека Собранието треба да расправа: Неприфатливо е државен јазик да е предмет на преговори со ЕУ

Редакција

Вкупно до сега 3.977: Починаа уште 37 заболени од Ковид-19

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Редакција