еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

До Министерство за правда не е доставено барање за регистрација на бугарското здружение „Цар Борис Трети”

Министерството за правда денеска информира дека до него не е доставено барање за добивање позитивно мислење во постапката за регистрација на здружението „Цар Борис Трети”.

Соопштението на Министерството следи по негативната реакција на Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, кои соопштија дека се згрозени и навредени од регистрацијата на здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид и од „леснотијата со која во нашата држава се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еврејската заедница згрозена од регистрaцијата на здружението Цар Борис III во Охрид, кој е докажан соработник на нацистите

– Очигледно е дека зачестија регистрации на здруженија со бугарска самосвест кои носат називи на докажани соработници на нацистичка Германија. Тоа е свесна провокација и навреда за Еврејската заедница, навреда за македонската држава и за нејзините граѓани… или некој можеби мисли поинаку, дека на овој начин, со промоција и величање на фашизмот и нацизмот, се зајакнуваат добрососедските односи?!, се наведува во вчерашната реакција на Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.

Тие посочуваат дека името на царот Борис Трети е поврзано со прогонот и уништувањето на Евреите од окупираните територии од страна на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна.

– Да потсетиме, цар Борис Трети и Владата на Царска Бугарија се директни виновници за депортацијата на повеќе од 11.300 Евреи од окупираните територии во Македонија, Грција и Србија, од кои 7.144 се Евреи од Македонија, во центарот за убивање Треблика, во окупирана Полска.

Цар Борис Трети на 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, ја презема паролата на нацистичка Германија: „Eден цар, еден народ, една држава“ и е докажан заговорник за спроведување на т.н. „Конечно решение на еврејското прашање“.

Ова е еклатантен пример на негирање и искривоколчување на холокаустот, на исмевање и навреда за Евреите, се додава во реакцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот Бектеши слушнал некои од „бомбите“ за ДУИ, вели дека се приватни разговори

Редакција

Четворица работници на Макстил се повредени, дошло до прскање на течен челик

Редакција

Филипче: Засега нема простор за затворање на градовите и за дополнителни рестрикции

Редакција