еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Засега нема простор за затворање на градовите и за дополнителни рестрикции

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека во моментов не се размислува за воведување дополнителни мерки, како и за намалување на времетраењето на полицискиот час што е на сила.

„Сметаме дека нема простор за некоја дополнителна рестрикција во кој било град, затоа што ако се почитуваат овие мерки тие ќе бидат сосема доволни. За дополнителни мерки не се размислува“, нагласи министерот.

Во однос на прашањето дали се размислува за затворање на градовите, бидејќи веќе се забележува дека граѓаните планираат собирања по викендици и за планирањето за олабавување на мерките кон средина на мај, со оглед на тоа дека во тој период се рамазанските пости и Бајрам, Филипче одговори дека медицинските индикации ќе покажат кога треба да се укинат мерките.

„Секако дека ќе цениме, за нас индикација за олабавување на мерките ќе биде кога пикот ќе помине и кога ќе се намали бројот на пациенти, при тоа исто како што сега планираме да направиме за Дебар, сигурно дека ќе имаме и целна дополнителна анализа и за некои региони.

Ние сме народ што сака да се дружи без разлика на тоа дали има актуелни или нема актуелни празници, секогаш луѓето наоѓаат причина да бидат заедно и сметам дека ќе се држиме до медицинските индикации дали треба и кога треба мерките да се попуштат“, рече Филипче.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали се планира олабавување на сегашните мерки, бидејќи се создаваат гужви во маркетите и банките, рече дека не се размислува за намалување на рестриктивните мерки во скоро време.

„Целта на рестрикцијата на движењето е дополнително да се елиминира можноста за вакви гужви што се јавуваат во другите денови, коишто сметам дека има начин да се организираат и пред маркетите и пред банките, со обезбедување доволна дистанца на стоење и на организација на работата во некој затворен простор.

Ние во овој момент за намалување на рестриктивните мерки не размислуваме, односно не размислуваме да бидат сега скоро. Размислуваме како би бил организиран животот после укинување на овие рестриктивни мерки заради тоа што сигурно дека нема да може да се врати целосно во нормала“, наведе Филипче.

Министерот посочи дека и по укинувањето на мерките сигурно нема да биде начинот на фукционирање ист, бидејќи исклучително висок е ризикот да се јави неочекуван нагол пик на новозаразени кои сега со овие мерки успешно се амортизира.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата одлучи: За Велигден полициски час од петок до вторник

Вкупно 854: 26 нови случаи на Ковид-19 во Македонија, дури 11 во Куманово

Населението во Дебар ќе се тестира за стекнат имунитет на корона вирусот

Мијте ја косата по излегување надвор, коронавирусот се пренесува и преку неа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рибарот бил убиен зошто е сведок, открива Јанакиески во „бомба„ за Монструм

Редакција

Данела Арсовска нема да формира нова партија, ќе стане претседател на „Нова Алтернатива„

Редакција

Жителите на Слупчане, каде се краде 80% од струјата, биле чесни, вели министерот Бектеши

Редакција