еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Четворица работници на Макстил се повредени, дошло до прскање на течен челик

Утринава во 6.50 часот во погонот Челичарница на Мактил при редовни производни активности, поради откажување на дел од опремата на една од дигалките, дојдено е до прскање на течен челик надвор од казанот, информираат од компанијата.

„Притоа се повредени четворица врабтени кои се соодветно медицински згрижени. Тројца се полесно повредени и се пуштени дома, додека четвртиот е задржан на дополнителни испитувања и е под лекарски надзор. Извршен е увид од страна на службата за безбедност и заштита при работа на Макстил и надлежните државни органи и се работи на утврдување на причините“, информираат од компанијата.

Фото: Макстил

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предвидува ослободување за казна затвор до 6 месеци: Законот за амнестија помина на Влада и оди во Собрание

Редакција

За два дена, нови 14 случаи на голема кашлица во Скопје

Редакција

Кривична пријава за надрилекар од Неготино: Наплаќал до 6.000 денари за „лековити креми“

Редакција