еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за надрилекар од Неготино: Наплаќал до 6.000 денари за „лековити креми“

ОВР Неготино поднесе кривична пријава против З.Ѓ. (46) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „надрилекарство“, информира МВР.

Во временскиот период од 2015 до 18.10.2019 во Неготино, пријавениот во својот дом, со намера да прибави противправна имотна корист за себе, без пропишана стручна подготовка од надлежен државен орган, се претставувал како поранешно медицинско лице и се занимавал со лекување и давање медицинска помош, преку продажба на т.н. лекарства за повеќе болести кај луѓето.

За лекарствата, кои биле во форма на течности и креми, наплаќал по 5.000 – 6.000 денари. На 18.10.2019 од полициски службеници бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело за кое се сомничи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Старец со „Твинго“ удрил старец и побегнал

Редакција

Од 1 февруари повторно во функција пругата Битола – Жабени

Редакција

Кратка раправија во прилепска продавница завршила со ќотек

Редакција