еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Како е грабната и убиена Вања?

Во грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје учествувале четири лица, од кои три се веќе во притвор и го признаа делото, а четвртото или првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо е уапсен во Турција и за него се очекува брза екстрадиција во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Баликесир во Турција уапсен Љупчо Палевски Палчо

Тројца од петмината осомничени за убиството на Вања и Панче го признале делото

Ним им помогнало, како што информираше синоќа Јавното обвинителство, пето лице или таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој исто така е притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заврши распитот, таткото на Вања негира дека му давал информации на Љупчо Палевски за ќерка му

Целта им била да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за нејзин откуп.

За грабнувањето на Вања го искористиле возилото Цитроен на исто така убиениот од нив, Панче Жежовски од Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вања не се задушила, била убиена со пиштол, пронајден и нејзиниот мобилен

Потоа на свиреп начин ја убиле Вања, а со претходно купен бензин го запалиле автомобилот, информираа од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вања била грабната на излегување од дома, во влезот на зградата ѝ биле врзани рацете и нозете

Пред неколку дена од Обвинителството и Министерството за внатрешни работи информираа дека Вања била киднапирана во влезот во нејзината зграда. И биле врзани рацете и нозете, била ставена во вреќа за спиење, по што била ставена во автомобилот со кој е грабната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како е киднапиран и убиен Панче Жежовски?

(Фото) Телма објави фотографии од местото каде била закопана Вања

Ако мотивот бил пари, зошто Вања е убиена неколку часа по киднапирањето?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се породи заболена жена со коронавирус од Куманово

Редакција

БЕГ склучи рамковна спогодба за набавка на гас со ТЕ-ТО вредна 70,3 милиони евра

Редакција

Твитер ја „подбра“ Владата за имињата на институциите: „Дали Македонски брод ќе стане Национален брод?“

Редакција