еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Ако мотивот бил пари, зошто Вања е убиена неколку часа по киднапирањето?

Јавноста е во шок по објавените информации од Министерството за внатрешни работи (МВР) и Јавното обвинителство (ЈО) за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убиството на Вања топ тема во регионот: “Седум дена кои ја Македонија ја завија во црно“

Истрагата сега се проширува и на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој заврши во притвор, а за кој двајца од осомничените за двете убиства велат дека го информирал првоосомничениот, Љупчо Палевски, кој е во бегство, за движењето на неговата ќерка Вања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притвор и за таткото на Вања

Дали е татко на Вања инволвиран во нејзиното грабнување? Тој негира

Дел од информации поради тековната истрага, разбирливо, се уште не се соопштени на јавноста, а голема дилема засега е зошто киднаперите на Вања или поточно Палевски за неколку часа одлучил наместо планираниот откуп да ја убие Вања.

Според хронологијата од кобниот 27. ноември, кога Вања е киднапирана, нејзината мајка, како што информираше МВР го пријавила нејзиното исчезнување на бројот за итни повици, 112, во 8.35 часот.

Таа како што информираа од МВР, е киднапирана во влезот од зградата каде живее во периодот од 7.20 до 7.30 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајката на Вања Ѓорчевска откри детали за ќерката

Логично е да се постави прашањето зошто мајката Зорица Ѓорчевска, пријавила дека нејзината ќерка ја нема за толку брзо време, откако претходно класната раководителка на Вања и се јавила дека таа не е на училиште. Таа цело време во нејзините изјави за медиумите посочуваше дека се плаши дека нејзината ќерка е киднапирана.

Таткото пак случајот го пријавил во полицијата во 11 часот.

Информацијата за исчезнувањето на Вања, мајката на Фејсбук ја објави околу 12 часот, по што и јавноста дозна за тоа.

Од МВР соопштија дека Вања е убиена околу 10 часот тој ден, а на вчерашната прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и основниот јавен обвинител Гаврил Бубевски, кажаа дека таа била убиена за толку брзо време, бидејќи осомничените ги фатило паника.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Убиениот Панче Жежовски бил закопан во триметарска јама

Панче Жежовски убиен за долг од 500 евра, со неговиот автомобил киднапирана Вања

Вања според информациите кои ги споделија ја убил Палевски, за што сведок е еден од осомничените за нејзиното убиство и за убиството на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, но останува да виси прашањето зошто го фатило паника, ако се има во предвид фактот дека во времето кога е убиена, многу малку лица знаеле за нејзиното исчезнување, но не и јавноста и надлежните институции и немаше никаква истрага.

Одговорот лежи кај Палевски, кој засега е недостапен за македонските власти.

Останува непознато и дали таткото на Вања се познавал со него, а следствено на тоа, дали и таа го познавала, што овозможило полесно да биде киднапирана.

За овие дилеми одговор треба да даде и нејзиниот татко, а работите можат да станат уште појасни кога детално од страна на институциите ќе се изанализираат и односите внатре во семејството.

Нема ни конкретна информација дали од нејзиното семејство воопшто биле побарани пари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Телма објави фотографии од местото каде била закопана Вања

Вања била грабната на излегување од дома, во влезот на зградата ѝ биле врзани рацете и нозете

Кои се осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Убиството на Орхан Бајрами Оки било најавено на Тик-Ток

Редакција

Нови 141 случаи на Ковид-19, оздравени 84, починато едно лице

Редакција

Украина: Преговорите се тешки, руската страна е крајно пристрасна

Редакција