еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Таткото на Вања доби 30-дневен притвор заедно со уште тројца осомничени за убиството на Вања и Панче

Таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, која беше киднапирана и убиена, Александар Ѓорчевски, доби нов, 30-дневен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Со избричени глави осомничените за убиството на Вања и Панче

Заврши распитот, таткото на Вања негира дека му давал информации на Љупчо Палевски за ќерка му

Тој претходно доби 48-часовен притвор, а во 30-дневен притвор одат уште тројца осомничени за убиството и киднапирањето на Вања и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, Велибор Манев од Велес, Влатко Кешишов од Штип и Боре Видевски од Велес.

Тие добија нов притвор откако синоќа повторно беа спроведени на распит во Кривичниот суд во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца од петмината осомничени за убиството на Вања и Панче го признале делото

Тројца од нив веќе ги признаа делата, а таткото на Вања негира дека на првоосомничениот за убиството и киднапирањето на Вања и Панче, Љупчо Палевски Палчо, кој вчера е уапсен во Турција, му давал информации за движењето на Вања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Баликесир во Турција уапсен Љупчо Палевски Палчо

Него Обвинителството го сомничи за помагање, врз база на искази на двајца од осомничените, односно дека дал информации за движењето на ќерката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вања не се задушила, била убиена со пиштол, пронајден и нејзиниот мобилен

Како е грабната и убиена Вања?

Како е киднапиран и убиен Панче Жежовски?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Потпишан протоколот меѓу Македонија и Бугарија

Редакција

„Зоран Заев: Првата девојка ми беше од ВМРО-ДПМНЕ“: Твитер реакции за оставката на премиерот

Редакција

Хеликоптер на АРМ принудно слетал поради дефект на моторот

Редакција