еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Потпишан протоколот меѓу Македонија и Бугарија

Во Софија денеска министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска го потпишаа билатералниот протокол по состанокот на заедничката меѓувладина комисија.

Според најавите, протоколот треба да биде објавен по неговото потпишување.

Покрај министерот Османи, во состав на македонската делегација се вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за економија Крешник Бектеши, како и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Потпишувањето на протоколот и одржувањето на состанокот на меѓувладината комисија следуваат откако вчера францускиот предлог беше одобрен од страна на Владата по усвојувањето на заклучоците во македонското Собрание.

МИА/Фото: МИА/Видео: БНТ1

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски утре на Ковачевски ќе му врачи мандат за состав на нова влада

Редакција

Десет години затвор за 17 годишното девојче кое уби 16 годишно момче во тетовско Бањиче

Редакција

Кој е Џемаил Чупи кој Алтернатива го предложи за министер без ресор задолжен за дијаспората

Редакција