еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски утре на Ковачевски ќе му врачи мандат за состав на нова влада

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе му го врачи мандатот за состав на нова влада на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, информиораа од претседателскиот Кабинет.

Собранието минатата недела ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, со што започна да тече рокот од десет дена во кој претседателот Пендаровски треба да го довери мандатот за формирање нова влада.

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница официјално го потврди Ковачевски како кандидат за нов премиер. Формирањето на новата влада Ковачевски го најави за средината на следниот месец, најдоцна до 18 јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитар Ковачевски избран за мандатар на новата влада

Откако мандатарот ќе го добие мандатот за формирање нова Влада, се очекува во текот на првата половина на следниот месец тој до Собранието да ги достави програмата за работа и составот на новиот владин кабинет, по што пратениците ќе треба да гласаат за избор на новата влада.

За да биде избран, за предложениот владин кабинет треба да гласаат најмалку 61 пратеник.

Новото парламентарно мнозинство составено од коалицијата предводена од СДСМ, заедно со ДУИ, Алтернатива и ДПА има 64 пратеници во Собранието. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седница во Собранието за гласање на новата влада, најверојатно на 15 и 16 јануари, најави Џафери

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој донирал за претседателската кампања на Стево Пендаровски

Редакција

Како и Вие да помогнете: Црвениот крст со првична помош од 30.000 евра за жртвите од земјотресот во Албанија

Редакција

Граѓаните кои се регистрирани на vakcinacija.mk, по два месеци добија одговори за следните чекори за вакцини

Редакција