Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на Фејсбук соопшти дека на вечерашниот Централен одбор (ЦО) на партијата ја добил довербата да биде мандатар на новата влада.
„За мене е огромна чест и одговорност што денес од ЦО на СДСМ ја добив довербата да бидам мандатар на идната Влада! Тоа е предизвик кој сум подготвен да го прифатам и посветено да работам за да ја оправдам довербата“, напиша тој.
Најави и дека СДСМ ќе се реорганизира, ќе продолжи да се демократизира и модернизира.
“Партијата е отворена за вклучување на нови луѓе кои ќе ги одликуваат знаењето, чесноста и посветеноста на социјалдемократските вредности“, напиша Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се новите потпретседатели на СДСМ
Николовски поднесе оставка од функцијата генерален секретар на СДСМ
Фото: СДСМ