еМагазин
Image default
Спорт

МВР побарале од МОК документација за изборното Собрание

Од Македонскиот олимписки комитет (МОК), информираат дека вчера служби од Министерството за внатрешни работи (МВР) од канцеларијата на МОК побарале документација поврзана со редовното изборно Собрание што се одржа на 8. февруари 2024 година.

Од таму велат дека МОК ја доставила целокупната барана документација со записник, која вклучува: комплетна видео снимка од изборното Собрание, Статут, Деловник и Олимписка повелба, мислења на Спортско-арбитражниот суд и изјави од членовите на верификациската комисија

-Како организација која секогаш е максимално транспарентна и отворена за соработка со сите надлежни органи, институции и организации, МОК е изненаден од постапката на одредени државни институции кои според законските одредби немаат надлежност да ја контролираат постапката за спроведување и одржување на изборно собрание, како и одлуките донесени на тоа собрание.

Очигледно е дека некому му пречи резултатот од редовното изборно собрание на МОК и донесените одлуки од страна на делегатите и затоа не престанува црната кампања против раководството на МОК.

Одлуките донесени на изборното собрание и изборот на Даниел Димевски за претседател на МОК и во следните четири години беа донесени јавно и според одредбите пропишани во правните акти на организацијата.

Овие одлуки и изборот на претседател ги поздравија највисоките меѓународни олимписки организации, како што се Асоцијацијата на национални олимписки комитети (ANOC), Европскиот олимписки комитет (EOC), Меѓународниот комитет на медитерански игри (ICMG), како и многу национални олимписки комитети.

Во духот на досегашното работење, МОК ќе продолжи да работи единствено како што умее и треба, јавно и транспарентно, без оглед на обидите на поединци и групи да го дискредитираат раководството и организацијата, велат од МОК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје трча заедно: Придружете се на јубилејното издание на Виз Ер Скопски маратон

Редакција

НЛБ Банка пријатели на македонските одбојкари на Европското првенство

Редакција

Српските медиуми за пласманот на Македонија на ЕП: „Никој не може да го оспори Горан Велики„

Редакција