еМагазин
Image default
Спорт

„Макпетрол“ ќе учествува на медитеранското карате-првенство во Тунис

Осум членови на скопски „Макпетрол“ ќе учествуваат на медитеранското карате-првенство што од 19 до 21 мај ќе се одржи во Радес, Тунис. Клубот ќе има свои претставници и во машка и во женска конкуренција.

Каратистите на „Макпетрол“ подолг временски период сериозно се подготвуваат за овој шампионат и се надеваат на добри пласмани. Конкуренцијата на медитеранското првенство е навистина силна бидејќи ќе учествуваат најелитните и најдобро рангирани светски тимови.

Сите спортисти на скопскиот клуб ќе настапат првично во поединечна конкуренција во своите тежински категории, а потоа сите ќе бидат дел од екипните тимови на македонската репрезентација, во дисциплината борби.

Во машкиот тим на „Макпетрол“ се следните каратисти: Петар Заборски (-75 кг.), Петар Спасеновски (-84 кг.), Давид Петков (-67 кг.) и Стефан Стојановиќ (+84 кг.). Во женска конкуренција ќе се натпреваруваат: Симона Заборска (-55 кг.), Ангела Мојсовска (-68 кг.), Викторија Јовановска (-61 кг.) и Јована Мицовска (-61 кг.).

Сите наведени каратисти ќе настапат и за репрезентацијата на Македонија. На медитеранското карате-првенство во Тунис се пријавени 19 држави, со 447 спортисти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фоти) Наградите „Златна Олимпија“ по трет пат во рацете на најуспешните спортистки од земјава

Редакција

Шаховскиот клуб Алкалоид ќе учествува на Светскиот сениорски екипен шампионат за ветерани за 2023 година

Редакција

Авицена Женска трка ќе се трча на 6-ти септември

Редакција