еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Нашите несовршености не се слабост, туку потпис на нашата автентичност! #СкрозЈас иницијативата на dm нѐ мотивира да бидеме свои 

Во свет каде што совршенството е често сценографија, а различноста се перцепира како недостаток, сè повеќе луѓе се осмелуваат да застанат зад себе и да кажат: „Вака изгледа вистинското јас“. Иницијативата #СкрозЈас не е уште една обична иницијатива, туку е движење што отвора простор за искреност, прифаќање и храброст да се биде свој.

Оваа идеја живее во секој од нас особено во луѓето кои се уморни од споредби, од филтри, од префинето спакувани животи на социјалните мрежи. Таа живее во девојката што првпат одлучува да облече облека што ѝ се допаѓа, иако никогаш не била „во тренд“. Во мажот кој конечно се осмелува да зборува за емоциите што долги години ги чувал во себе. Во детето што учи дека не мора да биде совршено, туку доволно добро токму такво какво што е.

Денес, во овој свет во кој совршенството е често само добра фасада, Јелена Спенџарска, Цеце Николова и Ем Вандера храбро застанаа пред своите следбеници и се претставија такви какви што се: искрени, ранливи, свои. Преку иницијативата #СкрозЈас, тие не споделија само фотографии, туку делчиња од своите животи што често остануваат скриени зад филтри.

Јелена нѐ потсети дека животот се случува токму кога ќе престанеме да се бориме со времето, баш тогаш кога ќе му веруваме на внатрешното чувство дека сè е можно. Цеце, пак, со многу емотивна ретроспектива, нè охрабри да ги прифатиме и да им се насмевнеме на сите наши несовршености бидејќи тие не се слабост туку потпис на нашата автентичност.

#СкрозЈас е гласот на сите оние кои долго време се обидувале да се вклопат, сега избираат да се истакнат. Тоа е потсетник дека најубавата енергија доаѓа од луѓето кои не се плашат да покажат сè што се – и светлата и сенките. Бидејќи само кога сме целосно искрени кон себе, можеме да бидеме вистински поврзани со светот околу нас.

Во ера каде што автентичноста е бунт, #СкрозЈас нè потсетува дека прифаќањето на себе не е слабост, туку сила. Не е потребна маска за да бидеме сакани, туку потребна е храброст да бидеме видени. Токму такви какви што сме.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Бигорски манастир со порака за Водици: Со најголема почит и внимание да се слушаат прекрасните молитви на водосветот

Редакција

„Бимилк“ организираше посета на краварска фарма за децата со оштетен слух и говор

Редакција

6 лица кои починале од Ковид-19 минатата недела биле на возраст од 30 до 49 години

Редакција