еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од Бигорски манастир со порака за Водици: Со најголема почит и внимание да се слушаат прекрасните молитви на водосветот

Божјата благодат и силата на Светиот Дух со Кој се осветува водата, особено се чувствува на денот на Просвештението, кога правиме спомен на Крштението Господово од раката на Св.Јован Претеча, се вели во соопштението на Бигорски манастир за Богојавление.

„Со чинот на осветувањето на богојавленската вода и полагањето на крстот во водите, се симболизира ослободувањето од гревот што Христос му го донесе на родот човечки.

Во тој миг се случува осветување на сите води и секој што ќе се допре или пие од таа осветена и облагодатена вода, го чувствува Божјиот благослов, се исполнува со голема сила и му се дава духовно и телесно здравје, но само доколку со вистински страв Божји и побожност пристапува кон оваа голема тајна.

Затоа е многу важно учесниците во чинот на полагањето на крстот во водата претходно да учествуваат и на Божествената Литургија со примање на Светата причест.

Всушност самиот овој чин не треба да биде сфатен како еден обичен ритуал, ниту некаква натпреварувачка игра на којашто целта е само да се фати крстот, туку учесниците после Литургијата треба со литија да се упатат кон местото каде што ќе се осветуваат водите, и тука со најголема почит и внимание да ги слушаат прекрасните молитви на водосветот, без непристојно однесување и викање, бидејќи така си го отфрлаат благословот.

Оној, пак, кој ќе се удостои да го извлече крстот што се допира до водите и ги осветува, и да му го врати на свештеникот, треба претходно да го целива со вера, да им даде и на другите околу себе да го целиваат за и тие да бидат благословени.

Потоа да го однесе благословот и во својот дом кај своите ближни, зашто крстот треба да им стане она што ќе ги обединува сите во взаемна љубов и силна вера во Христа,“ се вели во соопштението.

фото: bigorski.org.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа осум лица, вкупно до сега 7.740

Редакција

Пуштена во употреба високонапонска трафостаница во Штип

Редакција

Проф. Дејан Трајковски: 1.665 починати од ковид на милион жители, со што се наоѓаме на 6. место во светот

Редакција