еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Генералниот секретар на ОН, Гутереш: Светот „гледа в око на ураган од петта категорија“

Светот „гледа в око на ураган од петта категорија“, изјави денеска во Давос генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Во своето обраќање пред светските лидери на Светскиот економски форум, генералниот секретар на ОН оцени дека „светот е во жална состојба“.

„Нашиот свет е зафатен од совршена бура на повеќе фронтови“, рече тој. Меѓу главните закани со кои се соочува светот, тој ги посочи претстојната глобална рецесија, војната во Украина, растечките нееднаквости, зголемените трошоци за живот, високата задолженост на ранливите земји и последиците од пандемијата.

Гутереш рече дека „ја губиме битката„ во борбата против глобалното затоплување и дека секоја нова недела носи „нов климатски ужас“.

„Ветувањето дека ќе се ограничи порастот на глобалната температура на 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа речиси исчезна“, рече тој, предупредувајќи дека светот се движи кон зголемување на температурата за 2,8 степени.

МИА/Фото: ОН/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицијата пронајде 1.000 монети со археолошка вредност кај поранешниот градоначалник на Кавадарци, тој вели ги собирал од дете

Редакција

САД во престојните месеци ќе објават нова „црна листа“ на корумпирани функционери од Македонија

Редакција

Французите не го сакаат Балканот и Македонија во ЕУ

Редакција