еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

САД во престојните месеци ќе објават нова „црна листа“ на корумпирани функционери од Македонија

Во САД се разгледуваат соодветни санкции за поединци кои ги прекршиле американските закони и норми. Веројатно во претстојните месеци ќе видиме едно или можеби неколку имиња.

Овој одговор го даде амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер на прашање постевно на панел дискусијата „Ајде да зборуваме за предизвиците и иднината на Северна Македонија“, што се одржа во Ценатрот за млади во заедницата (YCC) – Гостивар.

Прашањето се однесуваше на објавувањето список на корумпирани функционери во Македонија и на тоа дали некои лица се под истрага на американската влада и институции.

„Нема само еден список. Всушност, има неколку, бидејќи американската влада има неколку сектори кои се занимаваат со корупцијата и не е единствен список што доаѓа со многу имиња на него и тука да ја завршиме работата. Бидејќи, корупцијата тука е тековно прашање, не е дека ќе излезе некаков список и работата ќе престане, рече Агелер.

Таа потенцира дека Амбасадата на САД и нејзиниот тим се постојан конткат со функционери во Вашингтон, со секторот финансии, со Стејт Департментот, со конзуларното биро каде се разгледуваат визни санкции, економски санкции, Советот за национална безбедност.

„Тоа е непрекинат процес при што се разгледуваат соодветни санкции за поединци зависно од тоа каков тип на американски закони и норми прекршиле и САД веќе да не ги прими. Веројатно во претстојните месеци ќе видиме име, можеби неколку имиња, но тие ќе излегуваат и во претстојните месеци и години, онака како што ќе се движат истрагите во Вашингтон, нагласи амбасадорката Агелер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На мета на тимот од САД кој дојде во Македонија и актуелен пратеник од власта, објави КОД

На „црната листа“ на САД може да се најдат и актуелни функционери, вели Пендаровски

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рестораните луксуз: Угостителските услуги во јануари поскапи за 6,3%

Редакција

(ВИДЕО) Безбедносните камери од околните згради, го прикажуваат ужасниот пожар на ковид-центарот во Тетово

Редакција

Загина македонска државјанка во сообраќајка во Хрватска

Редакција