еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На мета на тимот од САД кој дојде во Македонија и актуелен пратеник од власта, објави КОД

КОД објави дека за тимот од САД, кој дојде во Македонија, интересен бил случајот со поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, поради спогодбата со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и пресудената конфискација на имот во вредност од околу 36 милиони евра за случајот „Империја“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тим од САД ќе „лови„ корумпирани функционери во Македонија

Се проверува и начинот како е стигнато до спогодбата со Обвинителството и како Апелациониот суд поништи пресуда за корупцијата во случајот “Трезор“, со што на Мијалков му е укината 8-годишната затворска казна.

Според информациите на КОД, проверката на досието на Мијалков веќе е завршена.

Покрај за предметот „Империја“, интерес за Американците, според КОД, веќе неколку години предизвикува и неуспешната конфискација на „Трансмет“ – компанијата на Сеат Кочан, односно случајот „Труст“.

Според КОД, Американците сега проверуваат и наводи за корупција на долгогодишен функционер од редовите на актуелната власт, пратеник, а се испитуваат повеќе зделки со државно земјиште во Скопје, склучени од негова фирма.

За истиот случај за актуелниот пратеник за кој се интересираат Американците веќе има активна предистрага, а се прави и финансиско вештачење за парите употребени за тој проект на окрупнување на државно земјиште, објави КОД.

Тимот од САД во Македонија пристигнал кон крајот на ноември и има два искусни члена за следење на листите за санкции и потенцијалните кандидати за американски црни финансиски листи.

Логистичка поддршка има од Амбасадата на САД, а конкретна – теренска од дипломатски претставник за владеење на правото и стручна помош. Тимот е дел од од OFAC, односно канцеларија за контрола на странски имот, дел од американското Министерство за финансии.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Разбрале дека Крсто доаѓа и ја заѕидале вратата„: Твитер за посетата на Мукоски и Џафери на Ватикан

Редакција

„Братска“ Бугарија успеа да направи Чеси и Словаци да ги осеќаме како поблизок народ од нив“: Твитер реакции за ветото на Словачка и Чешка

Редакција

Возачот, турски државјанин, приведен: Камионот неовластено влегол на плоштадот „Македонија“

Редакција