Како што и најави и самиот Изет Меџити, кој е лидер на Демократско движење (дел од коалицијата „Вреди“) и нов министер за екологија, тој ќе биде вториот прв вицепремиер.
Информацијата денеска ја потврди премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека тоа е незаконски, ама имало џентлменскиот договор во владината коалиција, Меџити да биде прв вицепремиер.
– Според законот кој што е важечки, Владата односно премиерот има заменици, а договорот којшто го имаме во рамките на коалицијата е да да има прв вицепремиер и тоа ќе биде господинот Изет Меџити.
Но, тоа е надвор од законот. Законот вели односно подразбира само заменици на претседателот на Владата. Тоа што досега е работено на диво и незаконски, тоа нема да биде пракса во работењето на оваа Влада.
Но, да, џентлменскиот договор во рамките на нашата коалиција и во рамките на нашето функционирање е таква, рече Мицкоски.
Прв вицепремиер во минатата Влада беше Артан Груби од ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Изет Меџити, кандидат за министер за екологија и вицепремиер
Фото: Меџити/Фејсбук