еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Ни казните не помагаат, за да се реши проблемот со гласната музика и дивеењето околу кафеаните во Капиштец

Жителите во Општина Центар на улицата Народен фронт, бараат ефективна интервениција на МВР и Државниот пазарен инспекторат и останатите институции за да им се реши проблемот со гласната музика, нарушениот ред и мир, дивеењето и отежнатиот сообраќај на делот од улицата каде се наоѓаат угостителските објеки.

„Ние, како општина, ги презедовме сите правни механизми што ни се достапни! Не помогнаа ни глобите ни казните. Овој проблем треба да се реши долгорочно а за тоа е потребна е координација и притисоци од страна на сите надлежни институции“, вели градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Општина Центар петицијата ја проследила до МВР, Министерството за економија и труд, Министерство за животна средина и просторно планирање, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, и побара да се одржи итна средба за решавање на проблемот на засегнатите станари.

„На барање и поплаки на жителите за прекумерна бучава, Општина Центар во повеќе наврати го санкционираше спорниот локал со глоби, опомени и забрани за вршење дејност.

Инспекциската служба на општината и натаму ќе продолжи со санкционирање на сите угостителски објекти кои не го почитуваат законот, но за долготраен успех потребна е соработка на сите надлежни институции,“ се додава во соопштението.

Фото: Општина Центар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради пожарот сообраќајот Делчево-Пехчево повторно во прекин, словенечките пожарникари на терен

Редакција

Ако трошите повеќе струја, ќе плаќате поскапо: РКЕ најави изјави измени во тарифниот модел

Редакција

„Алкалоид“ со 56 нови вработувања и со 72% од консолидираните продажби остварени на странските пазари во периодот јануари-март 2020

Редакција