еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нова кривична за поранешниот градоначалник на Лозово, Велковски, со пари на Општината финансирал пешачка патека која не била изградена

Поранешниот градоначалник на Општина Лозово, Ацо Велковски заработи нова кривична пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР), поради “злоупотреба на службена положба и овластување„.

Со истата се опфатени уште две лица од Скопје.

-СВР Штип поднесе кривична пријава против А.В. (48) од Лозово, Т.Г. (51) од Скопје и Л.Л. (68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во 2018 година, додека бил градоначалник на Општина Лозово, А.В. овозможил на правно лице од с.Студеничани да се стекне со противправна имотна корист од 205.800 денари и за таа сума го оштетил буџетот на Општина Лозово.

Имено, на 01.11.2018 првопријавениот А.В. донел одлука за спроведување на јавна набавка за изградба на пешачка патека на улица „Октомвриска револуција” во Лозово, по што за најповолен понудувач било избрано правното лице, кое го назначило второпријавениот Т.Г. за управител на градбата.

Градежните работи биле завршени во март 2019 година и во градежната книга и градежниот дневник биле внесени невистинити податоци дека се ставени 381 метар квадратен бекатон плочки во вредност од 205.800 денари.

Градежната книга и градежниот дневник ги потпишале второпријавениот и третопријавениот Л.Л., кој бил надзорен орган на градбата.

Првопријавениот А.В. иако знаел дека сумата за наплата не е вистинита, дозволил да бидат исплатени 205.800 денари повеќе отколку што е реално изработено, велат од МВР.

Велковски, кој е кадар на СДСМ, во март годинава беше осуден на една година и шест месеци затвор за „несовесно работење во службата“ за друг случај и нанесување финансиска штета на буџетот на Општината.

Покрај затворската казна, тој е задолжен да исплати 2.285.044 денари како оштета на Општината.

Неговото име во медиумите се споменуваше и во врска со случаи на мобинг и насилство врз вработени во Општината и во основното училиште во Лозово, а на јавноста и стана познат кога неговата ќерка освои шпорет на наградна игра организирана од Општината Лозово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Хит на Твитер: На наградна игра на општината Лозово, шпоретот го доби ќерката на градоначалникот, истиот ќе биде дониран

Фото: Велковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Г.г. Стефан повика на сенароден собир против законот за родова еднаквост и матична евиденција

Редакција

Од Србија денеска пристигнува втората пратка на вакцините „Фајзер“

Редакција

(Видео) All Stars спот на „Паскалин“: Најдобрите го избираат најдоброто

Редакција