еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Новороденчињата починале поради премрзнување, велат од болницата во Прилеп

Новороденчињата близначиња од прилепското село Славеј, починале поради премрзнување, велат од болницата во Прилеп.

„На 30.12.2024 година, во нашата установа, мајка родена во 2001 година, во својата четврта бременост (близначка), се породи спонтано. Близначињата се недоносени, родени во 34. гестациска недела.

Првото новороденче, машко, е со родилна тежина од 1.970 грама, а второто, женско, со тежина од 1.780 грама.

На 10.01.2025 година, по барање на мајката и со нејзин потпис, новороденчињата се испишани од болницата.

На 16.01.2025 година, во 10:45 часот, на Одделот за детски болести е донесено женското новороденче во тешка здравствена состојба како резултат на премрзнување. Според достапните информации, машкото новороденче е претходно починато дома од истата причина,“ се вели во соопштението.

Оттаму додаваат дека по приемот на женското новороденче, веднаш е преземена интензивна медицинска интервенција.

„Извршена е реанимација, новороденчето е интубирано, поставено во топли ќебина и применети се дополнителни мерки за затоплување. И покрај сите преземени обиди од страна на медицинскиот персонал, состојбата продолжи да се влошува.

Во 13 часот, за жал, е констатирана смртта на женското новороденче. Изразуваме длабоко жалење за загубата и остануваме посветени на обезбедување најдобра можна грижа за сите пациенти,“ додаваат оттаму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новороденчиња близначиња починаа во Прилепско, живееле во екстремно лоши услови

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Започна реконструкцијата на живеалиштата во Зоолошка градина Скопје

Редакција

И рускиот министер Лавров сака да дојде на Самитот на ОБСЕ во Скопје

Редакција

(Галерија) „Козметика Афродита“ прослави 50 години од своето постоење во Скопје

Редакција