еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Ново зголемување на платите во Рудник САСА – четврто во изминатите две години

Менаџерскиот тим на Рудник САСА донесе одлука за ново зголемување на платите на сите вработени, кое почнува да важи од јануарските плати, информираат од таму.

Во изминатите две години ова е четврто зголемување на платите во САСА. Со претходните три покачувања, направени во 2022 и 2023 година, платите во САСА беа зголемени за над 25%.

Со оваа одлука, САСА успеа да го надмине влијанието на растот на цените и животните трошоци врз благосостојбата на своите вработени, коишто беа особено изразени во текот на 2022 и на почетокот на 2023 година. Пресметките покажуваат дека, од влезот на Централ Азија Металс (ЦАМЛ) во 2017 година до денеска, платите во САСА се зголемија значително, при што просечната плата е над 70% повисока од просечната исплатена нето плата во државава, посочуваат од таму.

Пред донесување на конечната одлука за ново покачување на платите, беа одржани и консултативни состаноци со претставници на репрезентативниот синдикат во САСА, на кои беше презентирана и дискутирана темелната анализа на сите релевантни податоци за работењето на САСА, вклучувајќи ги и податоците за растот на цените и трошоците за живот (инфлацијата).

„И покрај зголемувањето на оперативните трошоци и обемот на инвестиции, како и падот на цените на оловото и цинкот на глобалните пазари, сепак како раководен тим донесовме одлука повторно да ги зголемиме платите на сите вработени.

Со ова ја искажуваме нашата почит кон вработените, за нивната досегашна работа и посветеност во остварување на безбедно и одржливо производство и истовремено сакаме дополнително да ги мотивираме да продолжат со добрата работа, да ја зголемиме ефикасноста и продуктивноста, да го зачуваме високото ниво на безбедност и успешно да ја заокружиме реализацијата на капиталните проекти кои треба да обезбедат максимален работен век на САСА и придобивки за сите“, вели генералниот директор на Рудник САСА, Крис Колбурн.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Скопје чита“: Првиот Фестивал на книгата се отвора утре и ќе трае до 12 септември

Редакција

Меѓународниот Аеродром Скопје акредитиран со Здравствен сертификат за аеродроми од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI)

Редакција

Балкан Прајм Турс заблеска на IFTM Top Resa, прикажувајќи ја убавината на Македонија

Редакција