еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од ЛДП го предлагаат рисот како консензуално решение за новиот државен грб

Отако вчера премиерот Христијан Мицкоски потврди дека во Владата се разговара за нов државен грб на земјата, од Либерално-демократската партија (ЛДП) предлагаат рисот да биде на новиот грб, како препознатлив вид, карактеристичен токму за нашата држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија ќе го менува државниот грб, Мицкоски потврди дека се водат разговори помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди

-Рисот како симбол се наоѓа на металната петденарка, се најде на националниот фудбалски дрес, но и на уште многу други места и е заштитен со голем број меѓународни конвенции, велат од таму, посочувајќи дека доколку се постави рисот, се покажува поглед кон иднината наместо „враќање назад и гледање во минатото“.

-Тоа е симбол кој со ништо нема да потсетува на било која соседна држава и да создаде проблеми. Прифатлива е само уникатност, посебност, новина, свежина, иднина и заштита на своето – како што е Балканскиот рис, кој потекнува од Шар Планина, е ретко и заштитено животно, и е еден од нашите национални државни симболи, велат од партијата, од каде подвлекуваат дека посебноста на Македонија мора да биде главната водилка кон прифаќањето на било каков предлог за државниот грб.

Притоа, како што велат од таму, тоа мора да биде и решение, кое ќе ги задоволи сите граѓани на Македонија, без разлика на националната, етничката, партиска, верска или било која друга припадност.

-Предлагаме општо прифатливо решение. Бидејќи доколку сите се водиме од своите партиски обележја или позиции, ЛДП би се придржувала до македонската флора и фауна и би предложила поставување на соколот како уникатен македонски симбол и дел од нашиот македонски фолклор.

Покрај тоа што во Македонија живеат 9 посебни видови на соколи, во нашата народна музика со гордост се опева соколот кој пие вода од нашиот Вардар, песна која е и химна на партијата, велат од ЛДП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Касами е за промена на државниот грб и на химната 

СДСМ е против менување на државниот грб

Фото: МЕД

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голем удар за Тиранската платформа: Каде беа Албанците за гласањето на референдумот?

Редакција

Убава вест: Оздравени 680 заболени од Ковид-19, најмногу во Скопје 274

Редакција

Судот го прифати барањето за стечај на скопски Бетон

Редакција