еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Општина Центар отвори телефонски броеви на кои граѓаните може да пријавуваат неисчистен смет

Општина Центар ги повикува граѓаните да пријават проблеми со јавната чистота на територија на општината со цел брза интервенција на службите.

Граѓаните можат да пријават смет и диви депонии на следните телефонски броеви: 076/350-767 и 02/3203-693.

„Ги повикувам сите граѓани да пријават проблем со јавната чистота во Центар. На овие телефонски броеви граѓаните можат да ни испратат фотографија од населеното место коешто треба да биде исчистено, а Град Скопје не си ја има завршено својата основна задача.

Нашите служби веднаш ќе излезат на терен и ќе се погрижат за хигиената во општината. Спроведуваме акција за чистење на јавните површини во Центар откако пред два дена градот Скопје ги остави центарските улици во смет.

Во понеделникот се соочивме со лоша глетка којашто е недозволива за централното градско подрачје. Апелирам до Град Скопје и градоначалничката Арсовска да водат поголема грижа за градот, особено за чистотата на улиците кадешто имаат надлежност за да не се соочиме повторно со смет. Граѓаните заслужуваат чиста општина,“ изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Анета Симеска Димоска, која доаѓа на местото на Стојко Пауноски на директорската позиција во Државниот пазарен инспекторат

Редакција

Усрула фон дер Лајен: Го поздравувам позитивниот моментум помеѓу Бугарија и Македонија

Редакција

Бугарско МНР „зачудено од остриот став“ за Ванчо Михајлов и обвинува за „антибугарска кампања“

Редакција