Претседателот Стево Пендаровски на седуммина наши значајни личности, творци од литературата, театарот, филмот и музиката им додели Орден за заслуги.
Добитници се Оливера Николова, Благоја Чоревски, Слободан Унковски, Бедија Беговска, Ѓокица Лукаревски, Ристо Вртев и Рефет Абази.
„Од круцијално значење е да ги вреднуваме националната култура и уметност и домашните автори и творци. Благодарение на нив имаме со што да му се претставиме на светот и да бидеме компетитивни во меѓународниот „натпревар на културите“,“ изјави Пендаровски.
Фото: Кабинет на претседателот
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.