Во сообраќајката која се случи на патот Битола-Ресен загинал 47-годишниот Г.А. од Ресен, информираа од Секторот за внатрешни работи Ресен, за кој првично беше соопштено дека е на возраст од 46 години, без детали за неговиот идентитет.
Тој починал на лице место.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
46-годишен маж загина во сообраќајка на патот Битола-Ресен
Несреќата се случи кај место викано „Голема кривина Макази“, а во истата учествуваа три возила – „фолксваген голф“ со ресенски таблички управувано од починатиот, возило „пежо 2008“ со битолски таблички, управувано од 51-годишниот М.К. од Битола и возило „бмв“ со ресенски таблички, управувано од 47-годишниот Д.А. од ресенското село Асамати.
Со телесни повреди се здобиле возачот Д.А. и неговата сопатничка Ш.А. (47) од Асамати.
Телото на починатиот е дадено на обдукција.