На 91-годишна возраст почина Квинси Џонс, американскиот музичар, текстописец, композитор, музички продуцент, филмски и телевизиски продуцент и актер.
Џонс починал синоќа во својот дом во населбата Бел Ер, во Лос Анџелес, опкружен со своето семејство.
Роден е на 14. март 1933 година, а неговата кариера траеше повеќе од 70 години, со рекордни 80 номинации за „Греми“ награди и 28 добиени одличја.
Џонс важеше за еден од најголемите умови во историјата на музиката и телевизијата.
Соработуваше со бројни познати музичари, меѓу кои и Френк Синатра, Реј Чарлс и Мајкл Џексон, за кого го продуцираше и култниот албум „Thriller“.
Фото: Џонс/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.