еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

По намерата за преземање од „Тотал инженеринг“ на Вице Заев, „Герас Цунев-трговија“ и „Герас Цунев-конфекција“ на Листата за набљудување на Берзата

По намерата за преземање од Тотал инженеринг ДООЕЛ Струмица, каде управител е струмичкиот бизнисмен, Вице Заев, Македонската берза за Герас Цунев-трговија АД Струмица и Герас Цунев-конфекција АД Струмица, ги дополни причините, зошто овие друштва остануваат на Листата за набљудување на Берзата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Вице Заев сака да ги преземе „Герас Цунев-трговија“ и „Герас Цунев-конфекција“

-Друштвата Герас Цунев Конфекција АД Струмица и Герас Цунев Трговија АД Струмица на 30.05.2022 година се внесени на „Листата за набљудување“ поради донесени одлуки од Собранието на акционери за преобразба на друштвата до д.о.о..

На 25.10.2024 година издавачите Герас Цунев Конфекција АД Струмица и Герас Цунев Трговија АД Струмица преку СЕИ-Нет објавија известувања за примена намера за преземање на друштвата.

Имајќи предвид дека друштвата веќе се внесени на „Листата за набљудување“, донесен е заклучок за проширување на причините за внес на издавачите Герас Цунев Конфекција АД Струмица и Герас Цунев Трговија АД Струмица на „Листата за набљудување“, поради причината објавена намера за преземање на друштвото, информираа од Берзата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вице Заев стана мнозински сопственик во Герас Цунев-трговија и Герас Цунев-конфекција

Герас Цунев-трговија со загуба во третиот квартал

Герас Цунев-конфекција со добивка во третиот квартал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е струмичката фирма „Херб Инустри“ од каде беше украдена марихуаната која заврши во Арачиново

Редакција

Убава вест: 17 оздравени пациенти од Ковид-19, вкупно 1.552

Редакција

МАПАС: Членовите во вториот и третиот пензиски столб да ги ажурираат своите лични податоци

Редакција