еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Која е струмичката фирма „Херб Инустри“ од каде беше украдена марихуаната која заврши во Арачиново

Кражбата на два тони марихуана за медицинска употреба од струмичката фирма „Херб Индустри“ е топ тема во јавноста. Полицијата засега успеа да пронајде само дел од украдената марихуана, а од таму посочија дека истрагата продолжува.

Која е „Херб Индустри“?

Друштвото за производство, трговија и услуги „Херб индустри“ ДОО Струмица добило дозвола да се занимава со производство на медицинска марихуана од Владата минатата година, а одлуката во Службен весник е објавена во мај 2019 година.

Освен овие информации, на интернет нема никакви други податоци за фирмата.

Телевизијата ТВ24, објави дека според податоци од Централен регистар оваа фирма има петмина сопственици, познати бизнисмени во Струмица.

Еден од нив кој сакал да остане анонимен за телевизијата изјавил дека двата тони марихуана чинат околу 6 милиони евра, а претворена во масло оваа количина би достигнала цена и до 10 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕКСКЛУЗИВНО: Кои се фирмите кои влегоа во бизнисот со медицинска марихуана во Македонија

Како марихуаната била украдена во Јосифово и како стигнала до Арачиново, детали од Обвинителството

(ВИДЕО) Полицијата во Арачиново пронајде дел од украдената марихуана од Јосифово, осомничени шест лица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонијатурист“ го доби тендерот на Министерството за одбрана за хотелски услиги вреден 19.000 евра

Редакција

БИМ Свети Николе ќе дели дивиденда

Редакција

Редари и маски во маркетите до крајот на 2020 година

Редакција