еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

ЕКСКЛУЗИВНО: Кои се фирмите кои влегоа во бизнисот со медицинска марихуана во Македонија

Како и што предвиде еМагазин во своите анализи пред неколку години, кога истиот беше легализиран, бизнисот со медицинска марихуана во Македонија „расцвета„.

Строгите правила, високата банкарска гаранција за отпочнување на овој бизнис, но и фактот дека инвестицијата се враќа во долг временски период, не ги предомислија многумина кои решија да влезат во овој бизнис.

РАСТЕ БРОЈОТ НА ФИРМИ ВО БИЗНИС СО МАРИХУАНА ЗА МЕДИЦИНСКИ ЦЕЛИ

Според податоци од Владата досега во Македонија дозвола за одгледување на канабис за медицински цели добиле 55 фирми, а 17 имаат поднесено барање.

„Досега 55 фирми имаат добиено дозвола за одгледување на канабис за медицински цели.

Додека 17 фирми имаат поднесено барање за одгледување на канабис за медицински цели.

Овие фирми се за повторен увид и се во владина процедура„, велат од Владата за еМагазин и потсетуваат дека правните лица кои сакаат да добијат дозвола мора да обезбедат заштита на земјоделските култури, дваесет и четири часовна безбедност, високи стандарди за изградба на лабораторијата и неговата опрема.

„Министерството за здравство и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на сите кои ги исполниле условите согласно закон им дава одобрение за сеење/садење на канабис за медицински цели.

Согласно законот, во Република Северна Македонија, прецизно е утврдено кој, каде и колкави количини произведува, колку сува маса е собрана и колку масло се екстрахирало од секоја парцела за која е издадена дозвола“, велат од Владата.

ГОДИНАВА ВО БИЗНИСОТ ВЛЕГЛЕ 9 ФИРМИ

Ни корона-кризата не ги предомисли фирмите да влезат во овој исплатлив бизнис.

Па така годинава дозола за работа добиле 9 нови фирми.

Најмногу пак фирми, според листата која еМагазин ја доби од Владата, во овој бизнис влегле минатата година.

Оваа е листата на сите фирми кои добиле дозвола:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Елизабета Ивановска е новиот в.д. директор на битолската болница

Редакција

Статистика во октомври пресмета инфлација од 3,5%

Редакција

Титан УСЈЕ продолжува со инвестициите во дигитализација и имплементација на решенија базирани на вештачка интелигенција

Редакција