еМагазин
Македонија

Црн биланс на починати од Ковид-19 во велешката болница: Вчера тројца, денеска уште тројца

На Инфективното одделение во велешката Општа болница во изминатото деноноќие починаа тројца пациенти, велешанец на 89 годишна возраст и двајца жители на Градско на возраст од 79 и 65 години. Инаку и вчера на ова одделение починаа тројца пациенти.

Како што информира д-р Весна Неделковска Николова, портпарол на ЈЗУ Општа Болница, во изминатите десет дена на ова одделение во велешката болница починаа осум пациенти,од кои пет од Велес, двајца од Градско и еден од Свети Николе

Моментално на Инфективното одделение во велешката болница се хоспитализирани 33 пациенти од кои 30 се потврдени позитивни на Ковид -19 и тројца сомнителни кои чекаат резултати од тест.

Капацитетот на ова одделение од 35 кревети изминатата недела беше зголемен на 54, и има се уште слободни места.

Во Велес и велешко моментално активни на болеста се 122 лица.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипската болница за ковид пациентите во функција става и дел од одделот за кардиологија

Редакција

Обвинителството веќе води три постапки за кражба на лекови и поткуп на Онкологија

Редакција

Уапсени 18 лица кои не го почитувале полицискиот час, опомени за 74 граѓани

Редакција