еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уставните измени се внатрешно парашање на Македонија, одговори МНР на барањата на Милков

Министерството за надворешни работи информира дека процесот на уставни измени претставува внатрешно прашање на Македонија, која како обврска е поврзана со пристапните преговори за членство во Европската унија.

-Се очекува Собранието да ја донесе таквата одлука, суверено и согласно долгорочните интереси на граѓаните на Северна Македонија, претставени во парламентот и во тој контекст, не постои можност ниту политичка волја за вклучување на граѓани и институции од странство, вклучително од Република Бугарија. Такво барање ниту е пристигнато, ниту е разговарано меѓу министрите Османи и Милков, стои во соопштението на МНР.

Северна Македонија останува посветена на продолжување на политичкиот дијалог со Бугарија, во духот на добрососедството и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, за што се надева на што поскоро формирање на новата бугарска Влада, додаваат оттаму.

Соопштението на МНР доаѓа откако претходно шефот на бугарската дипломатија Николај Милков на брифинг со новинарите кажал дека Бугарија би сакала да биде вклучена и консултирана во процесот за впишување на Бугарите во Уставот на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милков бара и Бугарија да се вклучи во процесот за уставните измени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски бара Владата да го објави предлогот, вели дека во него нема ништо друго освен „два модифицирани збора“

Редакција

Францускиот предлог носи бројни ризици и е преседан, Владата да не молчи, порачаа од ЕПИ и ИДСЦС

Редакција

Кои се донатори на ДУИ и од што се финансирала партијата лани

Редакција