еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата го назначи Груби за координатор на Коридор 8

Поради важноста за реализација на започнатите проекти за изградба на патните правци Скопје – Блаце, Кичево – Букојчани, железницата Кичево – Лин, заедничките гранични контроли со Република Албанија и Република Косово и реализацијата на Коридорот 8, Владата го назначи Артан Груби, прв заменик на премиерот, за координатор за следење на работите и за координација на сите активности, со цел нивна навремена реализација, соопшти владината прес-служба.На денешната владина седница се донесени и други кадровски одлуки.

Александар Миљовски е разрешен од должноста в.д. директор на ЈУ „Национален Парк Галичица“ – Охрид, на негово барање. За нов в.д. директор е именуван Александар Бузлевски.

Розита Благојевиќ е разрешена од должноста директорка на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците. На нејзинот место е емнуван Драган Угреновиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Помпезна свечност за откривање на табла за автопатите, за кои граѓаните ќе платат 1,3 милјарда евра

(Видео) Антикорупциска на предметот за коридорите ќе му даде особено значење

“Го изедоа првиот километар“: Твитер реакции за камен-темелникот за Коридор 8

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Поставена првата паметна соларна клупа во Македонија

Редакција

Куновска: И покрај сета горчина, се движиме кон светлата страна на светот

Редакција

Собранието ги усвои измените на Законот за субвенциониран студентски оброк

Редакција