„Прада“ за 1,25 милијарди евра го купи конкурент – италијанскиот бренд „Версаче“ од „Капри холдингс“.
Со договорот за купопродажба е опфатен и долгот на еден од најпознатите светски модни брендови.
Пред продажбата минатиот месец Донатела Версаче се повлече од функцијата главен креативен директор на „Версаче“, основан од нејзиниот покоен брат Џани Версаче.
„Капри холдингс“ го именуваше Дарио Витале на местото на Донатела Версаче, која ја презеде оваа позиција по убиството на нејзиниот брат во 1997 година.
„Версаче“ е основана во 1978 година.
Фото: Версаче/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.