еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Престижна награда и признание за Еуромак Брокер за исклучителен придонес во развојот на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа

ОБД Еуромак Брокер во својата јубилејна 20-та година од постоење и деловна активност се закити со престижната награда „Креатори за векови“ за исклучителен придонес и достигнувања во развојот на претприемништвото во сферата на финансиските услуги на подрачјето на Средна и Југоисточна Европа, за 2022/2023 година, информираат од таму.

Наградата Креатори за векови (SZS  − „Stvaratelii za stoljeca“) беше доделена на Светскиот регионалени конгрес на претприемачи од Средна и Југоисточна Европа што годинава по деветти пат се одржа во Дубровник, Хрватска.

Изборот на добитниците за ова големо признанието го вршат еминентни инвеститори, претприемачи, претставници од високообразовните институции, како и ПР и маркетинг агенции од девет земји од регионот.

Креатори за векови е награда чиишто мисија и цел, како што се вели во официјалното соопштение од организаторот, се: „Оддавање јавна почит на најзаслужните личности, организации и институции за нивниот придонес во развојот на претприемништвото во Централна и Југоисточна Европа, како и насочување на вниманието на пошироката јавност кон големите визионери и лидери на утрешниот ден, чијашто храброст, работа, знаење, креативност и врвни резултати се темел и главен двигател на напредокот на заедницата во којашто живееме,  а кои се воедно и креатори на развојот и на предизвиците за новата ера“.

Во истото соопштение понатаму се вели: „Награда и признание Креатори за векови за придонес во развојот на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа за 2022/23 година, во сферата на финансиски услуги: Еуромак Брокер АД, Скопје. Република Северна Македонија“.

„Пријатно сум изненаден и извонредно почестен што етаблирани бизнисмени, професионалци и експерти од сферата на економијата и претпримиштвото, нѐ препознале како важни чинители за развојот на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа на полето на финасиите.

Ова е извонредно признание, кое претставува печат и круна, не само на 2022/2023 година, но и на секоја од 20-те години што Еуромак Брокер и секој негов вработен, низ посветеност и континуирани залагања ги нижеа инвестирајќи во сопствен развој и развој на нашата дејност во нашата земја и регионот, а посебно во едукацијата на клиентите за осигурителната дејност.

Ова  признание сега веќе претставува и обврска за уште поголеми заложби во креирање благотворна клима за новите генерации коишто се идни предводници на развојот и идни креатори за векови“, по повод укажаната чест, истакна Драган Лазарески, управител и основач на ОБД Еуромак Брокер АД Скопје.

Во Декларацијата на Светскиот конгрес на претприемачи што го сочинуваат претставници на академската заедница, владите, деловниот сектор, граѓанското општество и медиумите, коишто својата активност ја сметаат за континуиран ангажман, иновативен и одговорен кон себе и кон другите, како и кон средината во која делуваат, се вели: „Светскиот конгрес на претприемачи собира активни, инвентивни експерти, посветени на создавањето нови вредности, продлабочување на економските и сите други облици на поврзување, ориентирани кон општа благосостојба и сигурна иднина“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија е најголем производител на вранец во регионот

Редакција

Венко Андоновски награден за најпопуларен писател на „Златна бубамара“

Редакција

Голема наградна игра: Премија од 250.000 денари како финале на 25. роденден на Веро

Редакција