еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната нето-плата во декември лани 39.998 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2023 година, изнесува 39.998 денари, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, изнесува 116.4.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27.5 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (27.1 %) и Градежништво (21.8 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (9.7 %), Уметност, забава и рекреација (9.0 %) и Рударство и вадење на камен (8.6 %).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се намалува наградниот фонд за „Мој ДДВ, МојаНаграда“, средствата ќе одат во Фондот за справување со корона вирусот

Редакција

„Орка Холдинг“: Продолжуваме да работиме согласно законските прописи

Редакција

Инспекторатите работат со 50% намален кадровски капацитет, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија

Редакција