еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Реплек ве повикува на тотален РЕсет – вежбај на отворено со Елена Бубало во паркот на Франкофонијата во Скопје

За добро здравје и поголема виталност, важна е физичката активност. Реплек во рамките на програмата „РЕсет“ ги повикува сите кои сакаат да вежбаат, да дојдат во Паркот на Франкофонијата, на 15ти септември во 10:30 часот, информираат од таму.

Активностите се под водство на познатата искусна фитнес инструкторка Елена Бубало. Заради големиот интерес за присуство на настанот, Реплек обезбеди и детско катче со спортски реквизити за деца до 6 години, додека поголемите деца ќе можат слободно да се приклучат и да вежбаат заедно со своите родители.

Сите заинтересирани можат да се пријават на следниот линк rb.gy. Во рамките на програмата „РЕсет“ Реплек обезбедува соодветна опрема и освежување за сите кои ќе вежбаат.

Ова е втор настан од ваков вид, во јуни годинава на истата локација под водство на Елена Бубало, вежбаа околу 70 љубители на физичката активност.

Како компанија која сака да иницира промени и да ја менува деловната и општествената култура, во првата половина на годината Реплек започна нова платформа „РЕсет” за поттикнување на ведар дух, здраво тело и ментална сила, односно добросостојба, велат од таму.

„РЕсет“ е во основата на визијата преку која компанијата сака да јa поттикне и промовира добросостојбата на лично и колективно ниво, поврзувајќи ја оваа платформа директно со кредото на компанијата „За мое добро“.

Програмата РЕсет беше домаќин и на едукативната работилница со Илина Арсова, а тема на работилницата беше „Како до добросостојбата?“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

„Комшијата е родител 3“: Твитер за лажната вест за „родител 1 и родител 2„

Редакција

Излезноста за гласањето во странство била 38,51, а во затворите 55 отсто

Редакција