Во Клиниката Жан Митрев се згрижени седум пациенти, од кои тројца се во животозагрозувачка состојба и се интубирани, информираат од таму.
„Нашиот медицински тим вложува максимални напори за нивна стабилизација и се очекува организирање трансфер во странски медицински центри за понатамошно лекување.
Ги мобилизираме сите расположливи ресурси и остануваме посветени на борбата за секој живот. Нашите мисли и поддршка се со пациентите, нивните семејства и сите засегнати од оваа трагедија,“ велат од таму.
Вечерва министерот за здравство Арбер Таравари информираше дека 47 пациенти ќе бидат префрлени на лекување во странство, а утре се очекува да пристигнат и лекари од Србија, Чешка и Израел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Оваа е шупата, т.н. дискотека во Кочани во која ни загинаа најмалку 51 дете