еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Се продаваат делови од поранешните хотели „Кристал“, „Куманово“ и „Ку-ба“

Утре по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена, ќе се продава имот на „Бисерка АД“ Куманово, која е во стечај, пренесе државната агенција МИА.

Се продава дел од хотел „Куманово“ со вкупна површина од 349 метри квадратни, со проценета вредност на недвижниот имот која изнесува 24.335.450 денари.

Вториот пакет е продажба на дел од хотел „Кристал“ со вкупна површина од 1.585 метри квадратни, лоциран во Куманово со проценета вредност од 60.981.290 денари.

Ќе се продава и дел од „Ку-ба“, кој има површина од 334 метри квадратни. За овој објект проценетата вредност е 3.158.971 денари.

Аукциите се закажани едноподруго почнувајќи од 10 часот.

Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макошпед“ оствари добивка од 11,4 милиони денари за девет месеци

Редакција

Нема продолжување на рокот на пасошите со старото име до крајот на годината, СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против

Редакција

Акциите во Раде Кончар – Апаратна техника, Аце Антевски ги подари на ќерката и синот

Редакција