Регионалниот Центар за управување со кризи Охрид, извести дека вчера Планинарска спасителна служба од 13.40 до 15.00 часот, имала спасителна акција на територија на Општина Охрид.
„Конкретно, извршено е извлекување на повредено лице од околината на село Елшани (холандски турист) кое имало скршеница на нога и е предадено на екипа од Итната медицинска помош од Охрид.
Лицето е пренесено во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид на понатамошен третман,“ се вели во соопштението.
Фото: еМагазин.мк
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.